Мајка станала од спиење и го нашла мртво своето бебе

by Fokus

Мајка од Скопје го нашла своето три недели старо бебе починато откако станала од спиење, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 10.07 часот во Единицата за информации и команда Скопје, А.С. пријавила дека во нејзиниот дом на ул. „Брсјачка Буна“ во Скопје, кога станала од спиење околу 09.30 часот забележала дека нејзиното три недели  старо бебе не давало знаци на живот, односно починало.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

Поврзани новости