Магла на Стража и Плетвар, видливост до 30 метри

by fokus

Поради појава на магла, видливоста на планинските превои Стража и Плетвар е ограничена на 30 до 40 метри, соопштија ЈП Македонија пат и АМСМ.

Возачите се предупредуваат и на можна е појава на помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15 ноември стапи во сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година

Поврзани новости