Љупчо Тодоровски – Радникот ќе промовира книга за наркомафијата

by Фокус

Во четврток, со почеток од 20 часот, во просториите на Порта Македонија ќе се одржи промоција на монографијата „Наркокриминал и Наркомафија“ од проф. д-р Љупчо Тодоровски, соопшти денеска издавачката куќа „Арс Ламина“.

За значењето на книгата ќе говорат проф. д-р Слнчомил Вељанов и проф.д-р Алексеј Дума.

Љупчо Тодоровски својата кариера ја започнува во МВР во Управата за недозволена трговија со дрога. Во текот на својата кариера работи како началник на Управата за дрога, началник на Управата за организиран криминал, помошник министер во Секторот за анализа и истражување, началник на криминалистичката полиција и Директор на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во моментов е професор на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ по предметот криминалистичка методика.

Поврзани новости