Љубчо и врши „пуч“ на српската асимилација во Македонија

by Фокус

ВМРО-Народна партија информираше дека започнува две паралелни кампањи во правец на одбрана и зачувување на македонскиот национален идентитет, а тоа се „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ и „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“, од кои првата се одвива преку билборди, адодека втората преку Фејсбук.

„Со оглед дека најголем дел од провладините медиуми и портали се обидуваат да го пренасочат јавното мислење дека ова кампања е против српското малцинство во Македонија, сакаме да дадеме дополнително објаснување, за сите оние кои сакаат да ја искриват целта на нашата кампања или поради интелектуални попречености не можат доволно да ја разберат. Немаме ништо против српскиот народ во Србија, а уште помалку против српското малцинство кое живее рамноправно со останатите малцинства во Македонија, туку оваа кампања на е директно, јасно и недвосмислено насочена против македонските србомани во составот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од НП.

„Народњаците“ предводени од екс премиерот Љубчо Георгиевски се едни од ретките што не се изјаснија за обвинувањата на премиерот Никола Груевски дека опозицискиот лидер Зоран Заев извршил обид противуставно рушење на институциите преку пуч.

Поврзани новости