Љубчо објаснува зошто треба да го славиме Илинден заедно со Бугарите?

by fokus

Љубчо Георгиевски на неговиот Фејсбук профил напиша негово објаснување зошто не било спорно некои празници да ги прославуваме заедно со Бугарите. Текстот Ви го пренесуваме во целост:

„Деновиве се крена прашина околу најавениот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.Не може да не констатирам дека ако не беше колишевистичката политика на Вмро-Дпмне немаше ни да има полу-вето од Бугарска страна и воопшто немаше ни да има потреба од таков договор.Така Заев само прагматично ги откочува процесите што претходната влада ги закочи.

А сега и за содржината,зошто не е спорен овој договор за заедничко прославување на некои настани.Ке се задражам на Илинденско-Преобрженското востание.

-Организацијата која го подготвила  востанието се до 1902 се викала Бугарско-Македонско-Одринска револуционерен комитет.Според истиот устав кој го напишале Гоце Делчев и  Ѓорче Петров член на истата можел да биде само припадник на Бугарската егзархија,сите други милети се до 1902 биле по дефиниција исклучени.

– Главен јазик на писмената комуникација е бугарскиот литратурен јазик.Сите документи,писма и било каков писмен документ што постои од организацијата е напишан на истиот.

–  Сите високи раководители биле учители на Бугарската егзархија,Делчев,Груев,Петров,Тошев …или бугарски офицери како што е командантот на Илинденското востание Борис Сарафов.

– Најголемата финансиска и вооружена помош идела од Бугарија,а сите бази за повлекување и криење биле исто тамо.

– Во самото име на организациата имаме и технички проблем.Одринско е територија од реката места до Црно Море,во неа живеат и Турци,Помаци и Грци.Но спојот е само со бугарското население од Одринско.Значи и од технички аспект организациата е партенрска со Бугарите. Гоце Делчев како што бил инспектор во Македонија на воените чети така бил за бугарските чети во Одринско.Конгресот на одринската област од 1902 кога тие пројавиле сепаратистички амбиции лично го претседавал Делчев и ги смирил нивните амбиции.

-Конечно кога била донесена одлука за кревање на востание. Бугарите од Одринската област во целост ја ипочитуваа наредбата за кревање на востанито во термин кога им беше наредено десетина дена по Илинден на празникот Преображение. Под истата команда.“

Поврзани новости