Лимани: Командант Шчипоња не нападна, бевме принудени да се браниме

by Фокус

Осомничениот за убиството на Командант Шчипоња, в.д. претседателот на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани се вклучи во вестите на Алсат и зборуваше за вооружена престрелка.

-Групата на Командант Шчипоња не нападна на нашето работно место со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно, рече Лимани.

Тој вели дека целиот настан е снимен со камери и од нив може да се види дека се било во самооодбрана. Лимани увери дека ќе се предадат на полицијата и нема да бегаат од одговорност.

-Се разбира дека на органите на правдата ќе им се предадеме, и на полицијата и на органите на правдата, бидејќи не бегаме од никаква одговорност, ако ја имаме таквата одговорност. Се што се случи таму и физичката пресметка беа во самоодбрана, повредени сме во делот на лицето, во стомакот, во главата со столчиња и сме раскрвавени. Значи, не сме луѓе што сме нападнале некое лице, рече Лимани.

Поврзани новости