Лилјана Спасовска ќе го менува Зврлевски

by fokus

Обвинителката Лилјана Спасовска ќе го менува Марко Зврлевски се до изборот на новиот вршител на функцијата, кој Советот на јавните обвинители треба да го избере наредната недела.

Како привремен заменик на Зврлевски се споменуваше обвинителот Џелал Бајрами, но сепак од обвинителството посочуваат дека Спасовска е ставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавнен обвинител.

Спасовска го застапува обвинителството на јавната расправа за случајот „Монструм“ во Врховниот суд, која се одложуваше во неколку наврати.

 

 

 

Поврзани новости