Лиле Поповска е против уставно дефинирање на вонбрачните заедници

by Фокус

Пратеничката и коалиционен партнер на Груевски, Лиле Поповска е против во Уставот покрај бракот и вонбрачните заедници да се дефинираат како заедници меѓу еден маж и една жена.

Поповска на денешната собраниска седница рече дека со ова државата навлегува во приватноста на граѓаните и дека таа нема да го поддржи уставниот амандман ако не се извадат вонбрачните заедници од дефиницијата.

Нејзината колешка Роза Топузовска – Каревска, пак, беше против амандманот да се дефинираат бракот и вонбрачните заедници, но како што рече таа не поддржува хомосексуалните парови да посвојуваат деца.

 

Поврзани новости