Лила ги израдува децата без родители: Колку повеќе даваш, толку си побогат!

by Fokus

Едно од најпопуларните лица од ТВ екраните, водителката Лила Стојановска, го донираше својот роденденски подарок на децата од домот без родители ,,11 Октомври’’ во Скопје. Се работи за подарок кој го добила од компанијата ,,Подравка’’, млечно чоколадо, тешко седум килограми.

,,Изреката колку повеќе даваш, толку си побогат не е кажана туку така. Се решив да им го однесам мојот роденденски подарок на дечињата без родители, а тие навистина многу се израдуваа. Додека ја гледав среќата и возбудата во нивните очи, јас се почувствував како најбогата личност на светот, затоа што успеав да им го развеселам денот. Нивните насмевки за мене беа најубавиот роденденски подарок! ‘’ – вели Лила.

Големото млечно чоколадо било рачно приготвено, со лешници, и се правело единствено по порачка. Сепак, таа не се двоумела ниту миг, и веднаш штом го добила, знаела дека ќе го подели со децата. Водителката е голем хуманитарец и неретко учествува или иницира разни акции за помош на загрозени граѓани. На сцената е присутна околу 20 години и е една од најпрофесионалните, но и најомилени водителки, која има армија на следбеници на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости