Лидерите на политичките партии денеска на нова средба

by Фокус

Лидерите на најголемите политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, денеска ќе имаат нова средба во Скопје во Клубот на пратеници. Според досегашните информации, двете страни остануваат на своите ставови, опозицијата бара Груевски да се повлече од премиерската фунција најдоцна шест месеци пред избори, а власта инсистира премиерот да остане на чело на преодната влада.

На средбата се очекува да бидат присутни американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли и европреставникот Аиво Орав, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот.

Поврзани новости