ЛГБТИ лицата бараат нивните права да влезат во агендата на партиите

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ ја започнува кампањата  „Гласај за еднаквост“, чија цел е се вметне еднаквоста на ЛГБТИ-луѓето во јавната политичка агенда на партиите, не само за време на кампањата за претстојните избори, туку и по нив.

Антонио Михајлов од „Субверзивен фронт“ соопшти дека пред почетокот на кампањата биле организирани средби со политичките партии, на кои нивните претставници одговараа на прашалник за застапеноста на ЛГБТИ-заедницата во политичките програми на нивните партии. Прашалникот бил доставен до сите партии, а на него одговориле СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица.

Во рамки на кампањата ќе се одржи и првата национална ЛГБТИ-конференција во Македонија, на која претставници на партиите и на државните институции ќе разговараат за унапредување на положбата на ЛГБТИ-лицата во земјата.