Левица: Сите партии да потпишат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Партијата Левица денеска предложи да се формира експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што образложија, таа е креатор на владејачките политики 10 години и ја упропастува Македонија.

-Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од Албанскиот блок да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, во која ќе кажат дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја, рече Здравко Савески од Левица.

Левица ќе излезе самостојно на изборите, но Савески не смета дека тоа ќе ги раситни гласовите, вели, има многу граѓани кои се незадоволни од досегашната понуда.

Поврзани новости