Левица: И новата власт го продолжува сервилниот однос кон крупниот капитал

by fokus

Левица најостро го осудува отпуштањето на десетмина вработени од странската инвестиција „Ки сејфти системс“ која свои погони има во индустриската зона во Кичево. Членувањето во синдикална организација не смее да биде основ за отпуштање од работа, а синдикалниот претставник ужива и посебна заштита согласно Законот за работни односи, реагира Левица.

-Со ова уште еднаш се покажува бескрупулозниот однос на странските инвеститори кои се тука само за да ги искористат привилегиите и бенефициите кои ги добиваа од претходната влада. Што е уште потрагично, ниту сегашната влада нема намера да го преиспита односот кон странските инвеститори и продолжува праксата на сервилен однос кон крупниот капитал. Левица започна со кампања за пријавување на кршења на работнички права до трудовиот инспекторат. Па затоа, ја користиме оваа прилика јавно да го повикаме инспекторатот да го истражи овој случај и да не дозволи негово заташкување, се вели во реакцијата на Левица.

Од партијата додаваат дека синдикалното организирање е најмоќниот инструмент во рацете на работниците кога нивните права се кршат, а секоја одговорна власт мора да го спречи газењето на правото за синдикално организирање на работниците

Поврзани новости