Лекарка од Прилеп од дома издавала рецепти за метадон и ги наплаќала до 200 денари

by fokus

Против 57-годишна лекарка од Прилеп со иницијали М.Н. е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, затоа што наплаќала за издавање на рецепти за набавка на метадон.

Имено, М.Н., како како доктор по општа медицина и сопственик на правното лице ПЗУ „Медиснај“, подолг временски период издавала рецепти за набавување на метадон на лица, при што за секое издавање на рецепти им наплаќала од 100 до 200 денари. Како што велат од полицијата во неколку наврати рецептите ги издавала и од својот дом.

 

Поврзани новости