ЛДП: Помина времето за политичка борба, време е за улица!

by Фокус

Опозицискиот ЛДП ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестите иницирани од група граѓани, револтирани од скандалозната, противзаконска и неправична одлука на Ѓорге Иванов, кој застана на страна на политичарите криминалци и буквално им плукна во лице на сите граѓани кои што сакаат да живеат во правна држава и да имаат правична власт.

“Помина времето за политички коректна борба, борба во институциите на системот и време е народот да ги земе работите во свои раце. На улица! Овие протести се поголеми од целата опозиција и граѓанскиот сектор заедно. Ова е последната битка на граѓаните против оваа ненародна, анти-државна власт која ги зема под контрола буквално сите институции. Ова е битка за нашите деца и децата на нашите деца“, соопштија либералдемократите.

Поврзани новости