ЛДП му посака на СДСМ со Жерновски да не им се повтори Јакимовски

by Фокус

Либерално-демократската партија синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од коалиција со СДСМ и воедно го исклучи од партијата поранешниот претседател Андреј Жерновски, кој преминува токму во СДСМ.

„На Жерновски му посакуваме среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посакуваме овојпат да не им се повтори Стевчо Јакимовски“, стои во соопштението на ЛДП.

Воедно, ЦО на СДСМ избра втор потпретседател покрај Зоран Шапуриќ – Игор Вељаноски, кој досега беше претседател на градската организација на либералдемократите.

Поврзани новости