Лажна пријава за бомба во банка во Капиштец

Вработен во банка лоцирана на улицата „Народен фронт“ утрово во 9.35 часот пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало „Излезете надвор има нешто околу банката“, а потоа додало „Тоа е бомба”.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, како и екипа за Антитероризам. По извршената проверка на објектот на банката и на поблиската околина не е пронајдена екслозивна направа.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.