Латас не дозволи да биде сниман на обвинителна клупа

Новинарот Драган Павловиќ Латас, кој е денеска на суд под обвинение за даночно затајување, не сакаше да биде сниман на обвинителна клупа. Тој и неговата адвокатка побараа од судијата да им забрани на новинарите да ги снимаат пред почетокот на судењето.

Судијката го одобри нивното барање и иако новинарите имаа претходно добиена дозвола дека ќе можат да направат инсерти од судењето, смееја да ги снимаат само обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.

Павловиќ е обвинет во предметот „Тотал“. Се товари дека како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје давал лажни податоци во завршните сметки за да одбегне плаќање даноци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а ообвинетиот за 63 илјади евра.