57-годишен скопјанец бил нападнат вчера утрината околу 10.30 часот од кучиња скитници на Плоштад Македонија. Кучињата го нападнале додека поминувал со велосипед низ плоштадот.

Како што пријавил Ѓ.Љ. едно куче го каснало во пределот на десната потколеница, а друго во пределот на на левата нога.