Крвава тепачка на двајца полицајци од ПС Драчево, едниот завршил со скршен нос

by fokus

Крвава тепачка синоќа се случила во полициската станица Драчево, дознава „Фокус“, од добро упатени извори.

Според нашите информации, во тепачката учествувале помошник командир и шеф на смена, при што во инцидентот и двајцата се здобиле со повреди, а едниот од нив имал скршеница на носот. Набрзо, во станицата пристигнала и Брза Помош, инспектори од крвни деликти, но и претставници од Внатрешна контрола на МВР.

Според нашите неофицијални информации на двајцата учесници во тепачката им е одземено оружјето.

Како што ни посочува нашиот извор, во оваа полициска станица односите меѓу вработените веќе одамна биле нарушени, па често пати се случувало да избие инцидент.

Од МВР го потврдуваат инцидентот, посочувајќи дека веднаш била вклучена Внатрешна контрола. Оттаму додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

В.В.

Поврзани новости