Кривична за директор на училиште кој прикривал наставник наместо на работа да може да се шета во Италија

by fokus

Министерството за внатрешни работи го товари 36-годишниот Т.Б. директор на основното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Соколарци за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на деловни книги“, а 50-годишниот наставник Е.С. за „фалсификување исправа“. Според кривичната пријава поднесена против нив директорот го прикривал наставникот кој неоправдано отсуствувал од работа.

Иако знаел дека не се појавил во училиштето од 28-ми декември 2016-та година до трети јануари 2017 година, директорот не презел мерки за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност заради кршење на работниот ред и дисциплина. За ова време наставникот, велат од МВР, бил во Република Италија.

„Иако Е.С. неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена  во текот на една година,  за да му овозможи да го продолжи својот работен однос, Т.Б. евидентните листови за присуство на работа на вработените за учебната 2016/2017 година ги уништил, додека второпријавениот за деновите  28.12,  29.12. и  30.12. 2016 година во Дневниците за работа ги евидентирал часовите како одржани“, велат од МВР.

Поврзани новости