Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева

by Фокус

Скопското јавно обвинителство потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон, објави телевизија „Телма“.

Од Обвинителството за организиран криминал  велат дека против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава заради незаконско влијание врз сведоци.

Кривичните пријави се процесуирани кај обвинителите што ќе работат на овие случаи. Од обвинителството не го откриваат идентитетот на подносителот на пријавите, само велат дека станува збор за физичко лице.

Поврзани новости