Кривичен суд ги бара обвиненијата за Грујевски и Бошковски од СЈО

by fokus

Во Кривичниот суд се уште трае комплетирањето на документацијата потребна за екстрадицијата на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски. Токму затоа од судот се обратиле до Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од каде што потврдуваат дека се во комуникација со судот за обезбедување на потребната документација, поточно за доставување на обвинителните акти.

Судот веќе ги има во оригинал обвиненијата за „Таргет и Тврдина“ и за „Тврдина 2“, но бидејќи не може да ги испрати единствените примероци, а не може да направи ниту копии, бараат обвиненијата во оригинал да им ги испратат од СЈО.

Кривичниот суд има рок од 40 дена да ја испрати потребната документација, по што треба да започне процесот за екстрадиција, кој пак може да трае со месеци.

Поврзани новости