Коѕиас: Наместо за спорот, барем еднаш да зборуваме за соработка

by fokus

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас вели дека неговата посета на Македонија е пријателска и демантира дека доаѓањето пред избори, а претходно и неговото вето во ЕУ за обидот да се воведат санкции за Македонија, значат поддршка на актуелната власт во земјава.

– Ова е почесна покана, дипломатите како во секоја држава се собираат во август бидејќи има одмори дотогаш, тоа е нормално. Ветото против казните на вашата земја го ставив бидејќи секогаш сум против казните, бидејќи народот ги гласа тие казни, а најглавно дека не треба ние да интервенираме во внатрешната работа на земјите од ЕУ и кандидатите-членки.  Не зборувавме ниту за името. Рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка – порача Коѕиас по средбата со Никола Попоски.

За шефот на грчката дипломатија, ваквите средби даваат резултати и релациите помеѓу двете земји се менуваат. Коѕиас порача дека во изминатава година и пол имало резултати и доверба и смета дека ако продолжи да се работи на тоа полесно ќе се реши и спорот со името.

Претходно, министерот Поповски изјави дека на денешната средба се дискутирало за регионалната соработка и стабилност, за предизвиците од политички и  безбедносен аспект, како и за Мерките за градење доверба.

Поврзани новости