Коѕиас најави решавање на спорот за името до почетокот на 2018 година

by Фокус

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, изјави дека Владата има намера да го реши спорот со името со Македонија до 2018 година, пишува весникот Катимерини.

-Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година – изјави Коѕиас за весникот, додавајќи дека во спротивно ќе има големи компликации.

Според него, по решавањето на спорот, ќе останат три-четири месеци бирократија во Обединетите нации.

Поврзани новости