Коѕиас доаѓа во Скопје на 22 март

by Фокус

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, ќе пристигне во дводневна посета на Македонија на 22 март, објави грчкиот весник „Та неа“.

Како што пренесе МИА, во текстот со наслов „Со мало задоцнување Коѕијас во Скопје“, новинарот на „Та неа“ пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.

„Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира. Исходот од разговорите во Скопје ќе биде важен во пресрет на следната планирана средба на Коѕијас и Димитров со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц“, пишува „Та неа“.

Поврзани новости