Коцијанчич: Ќе честитаме на оној кој ќе состави Влада

by fokus

Европската комисија нема да му честита на победникот на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, туку тоа ќе го стори откако ќе биде избрана новата влада и премиер, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

-Ве молам имајте предвид дека честитките традиционално се испраќаат кога владата и премиерот ќе бидат избрани, рече Коцијанчич.

Таа се повика на изјавата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан дадена претходно и не сакаше да му честита на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости