Котевски: Имаше две кандидатури, само на Мицковски е валидна

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, во изјава за „Фокус“ откри дека до затворање на рокот пристигнале две кандидатури за претстојниот Конгрес за избор на нов лидер. Сепак, само една канидатура била валидна и е прифатена.

-Пристигнаа две кандидатури, едниот кандидат сам објави дека ќе се кандидира. Предмалку заврши и состанокот на правната комисија и беше утврдено дека само едната кандидатура е валидна, изјави Котевски.

На прашањето на „Фокус“ дали валидната канидадатура е на оној што сам објавил дека ќе се кандидира, односно Мицковски, Котевски одговори потврдно. Тој не сакаше да го открие името на кандидатот чија кандидатура не е прифатена.

Поврзани новости