„Космос“ од станбен комплекс ќе прерасне во Универзитетски град

by Фокус

Универзитетот ФОН денеска прослави 12 години од своето постоење. На денешната свечена академија одржана по тој повод претседателот на УО Сефер Цаноски најави неколку новини меѓу кои заеднички студии со Политехнико ди Милано, неколку универзитети од Р.Турција, нови факултети од областа на оштествени и природни науки  за додипломски и последипломски студии.

Цаноски истакна и дека ќе продолжат активностите за изградба на „Космос“, но дека комплексот ќе добие пренамена.

Станбениот центар Космос ќе биде преструктуриран во Универзитетски град и ќе биде изграден како футуристичка архитектонска целина чија цел ќе биде за прв пат во Македонија да етаблира студентски кварт во главниот град за повеќе од 3000 студенти.  Во рамките на комплексот ќе бидат понудени најквалитени услуги за студените, простор за дообука, рекреација и иновација изјави Цаноски.

mkd-39846Зборувајќи за високото образование во Македонија и регионот Цаноски најави неколку новини меѓу кои заеднички студии со Политехнико ди Милано, неколку универзитети од Р.Турција, нови факултети од областа на оштествени и природни науки  за додипломски и последипломски студии.

“Македонија е мала земја без излез на море, слаба инфраструктура и голема невработеност. Единственото поле за битка кое го имаме со останатите земји кои се повисоко рангирани се младите умови. За нас единствена опција е да инвестираме во интелектуален капацитет, вложување во иновација и да ги стимулираме квалитетот“, вели Цаноски.

Универзитетот во изминатите 12 години прерасна во најголемиот приватен универзитет на Балканот со повеќе од 7000 студенти на четири депанданси во Скопје, Струга, Струмица и Гостивар. Како општествено одговорна институција Универзитетот стипендираше повеќе од 2000 млади луѓе за прв и втор циклус на студии кои денес прераснаа во вистински професионалци во својата професија, рече Цаноски, на манифестацијата по повод јубилејот на оваа образовна институција.

Поврзани новости