Ќорнаков, шампионот во мото – крос е починатиот параглајдерист

by Fokus

Мирче Ќорнаков (47) од Гевгелија, еден од најдобрите мото – крос возачи во Македонија е човекот кој почина вчера, откако по успешното слетување со параглајдер му се слошило, во близина на манастирот ,,Свети Илија’’.

Со неколкукратниот првак на Македонија, денес на социјалните мрежи се простуваат негови пријатели, колеги, почитувачи… Го опишуваат како добар пријател, зависник од андреналин, љубител на спортот. Освен што бил посветен на мото- крос возењето, во последните години се интересирал и за параглајдерство.

Ќорнаков бил пронајден починат вчера во близина на манастирот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Ќе биде погребан утре во Гевгелија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости