Контра-протести во Битола и Велес

by Фокус

Поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва повторно излегоа на контра-протест и побараа одржување на избори на 5-ти јуни.

Под мотото „За Македонија се работи”, демонстрантите од Битола и Велес  порачаа дека ќе ја бранеле државата од, како што велат, деструктивното сценарио на опозицијата.

Тие обвинија и дека странски агенции биле платени за да организираат насилни протести.

Освен тоа, ГДОМ на вчерашниот собир во Скопје најави дека ќе бара привремено стопирање на одредени политички партија и невладини организации.

Поврзани новости