Компанија основана пред десетина дена испрати понуда за купување на Макпетрол

by fokus

Нафтениот гигант Макпетрол потврди дека до компанијата стигнала понуда за преземање од фирмата „Балкан петролеум“. Фирмата понудила да ги купи акциите на Макпетрол за цена дури 30 отсто повисока повисока од онаа по која со нив се тргува за берзата.

Зачудувачки е што компанијата која е подготвена да плати 47,3 милиони евра за преземање на Макпетрол е основа само пред десетина дена со основачки влог од 1.000 евра. „Балкан пертолеум“ е основана во Лондон, а основач е компанијата „Даволија“ од Кипар.

„Макпетрол“ потврди дека вчера во неговата архива бил доставен допис насловен како „намера за преземање“. „Управниот одбор на ’Макпетрол‘, на седница одржана на 9 јуни 2016 го разгледала дописот и констатирала дека по него не може да постапува, од причини што не е доставено полномошно за подносителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за преземање, според Законот за преземање

Поврзани новости