Кој стигне се возел со службените возила на Општина Василево, кривична против поранешниот градоначалник

by fokus

Струмичката полиција му поднесе нова кривична пријава на поранешниот градоначалник на Василево, Вано Стојанов. Со новата кривична пријава Стојанов се сомничи дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека ги пречекорил границите на своето законско овластување.

-Во текот на 2016 и 2017 година за туѓи потреби, односно за потребите на друго правно лице од Василево, како и за приватни патувања и одигрување на фудбалски натпревари надвор од Република Македонија, на лица кои воопшто не биле вработени во Општина Василево им овозможувал да ги користат службените возила на општината, иако тие лица немале право, односно не ги исполувале законските услови за користење на службените возила на Општина Василево, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и е доставена во ОЈО-Струмица.

Поврзани новости