Кој го наредил гостувањето на Заев на Канал 5?

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, при денешното гостување на вестите на Канал 5 беше обвинет дека интервјуто немало да се случи доколку не му било наредено. Уредничката на телевизија Канал 5, Лидија Богатинова, која го водеше интервјуто, му рече на Заев дека немало да гостува на вестите, доколку тоа не му било наредено.

Оваа реплика на Богатинова следуваше откако лидерот на опозицијата одговарајќи на прашање рече дека во медиумите нема рамномерна застапеност и кога во три дена 10 пати на еден медиуми се емитуваат изјавите на Груевски.

Богатинова не прецизираше кој, како и зошто можел да му нареди на претседателот на СДСМ да гостува на вестите на националната телевизија Канал 5, која заедно со Сител, се смета за главна телевизија преку кој се врши пропагандатата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости