Кој беше Дилавер Бојку – Леку

by Fokus

Дилавер Бојку – Леку, кој попладнево беше убиен со куршум во глава на неговата плажа во Струга е познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко.

Тој бил обвинет за пет кривични дела поврзани со организирана проституција, меѓу кои за заробување на млади жени од Украина, Романија и Молдавија, за бело робје. Жените со физичка присила морале да се проституираат.

Тој на 20 јуни 2003 година избега скокајќи во црна кола, во близина на затворот во Струга, додека во придружба на обезбедување, но без лисици на рацете, чекаше да го спроведат до суд со полициско комбе. Поради бегството, директорот на затворот во Струга, Драган Петрески бил отповикан.

САД за да помогнат на борбата со трговија со луѓе на Балканот, понудија награда од 10.000 долари за информација која ќе води до негово наоѓање. Обвинетиот Бојку беше фатен по двонеделно бегство. Тој се подготвувал да избега во Бразил.

Бојку во координирана акција со црногорските власти и македонското Министерство за внатрешни работи беше фатен во Улцин, Црна Гора и со хеликоптер беше екстрадиран во Македонија. Тој кон крајот на 2003 година беше осуден е на затворска казнa од 3 години и 8 месеци за кривично дело посрeдување во проституција.

Бојку во последниве години беше актуелен со неговата плажа во Струга.

Дел од медиумите пишуваат дека причина за неговата смрт е крвна одмазда.

Поврзани новости