Кои се можните наследници на Тачи во ДПА?

by fokus

Централното собрание на ДПА следната недела ќе одлучува за датумот кога ќе се одржи вонредниот конгрес на кој се очекува да биде избран новиот претседател на оваа партија откако нејзиниот досегашен лидер, Мендух Тачи даде оставка, пренесува Алсат М. Моментално во ограноците на ДПА се анализираат резултатите од предвремените избори на кои партијата забележа многу слаби резултати.

-Оваа недела треба да завршат состаноците на ограноците на ДПА каде се анализираат предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. По ова, многу брзо ќе треба да одржиме средба на Централниот совет на партијата кој ќе треба да донесе одлука за одржување на конгрес на кој ќе се избере партискиот претседател, велат од ДПА.

Високи претставници на ДПА не сакаа да зборуваат за можните наследнци на Мендух Тачи. Голем дел од членството бара повторно враќање на Тачи, но според информациите на Алсат-М, тој одлучил да не се враќа на чело на партијата. Во меѓувреме, како можни имиња кои ќе се борат за да го преземат кормилото на ДПА се спомнуваат поранешниот пратеник Имер Алиу, потпретседателот на партијата, Бардиљ Даути и градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику.

Поврзани новости