Кочан се изјасни за невин во „Труст“

by fokus

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје, а по однос на обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.

Кочан е првообвинетиот во предметот „Труст“. Обвинителот Гаврил Бубевски во воведното излагање рече дека обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупотребиле 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

Поврзани новости