Кире Наумов ги предупредил странските банки за еврообврзницата

by fokus

Поранешниот дополнителен министер за финансии Кире Наумов го испратил писмото до странските инвеститори да внимаваат при купување на македонската еврообврзница, потврдија од СДСМ.

Од името на партијата тој испратил писмо до водечките банки заинтересирани да инвестираат во еврообрзницата, со предупредување дека издавањето на еврообврзницата не е законско и треба да бидат внимателни при купувањето.

Македонија го одложи издавањето на еврообврзницата поради тоа што нагло почнала да расте каматата, откако инвеститорите пресметале дека е ризична за кредитирање.

Кога каматата стигнала до 5,5 проценти Владата видела дека ќе пропадне продажбата и ги известила банките дека го одложува издавањето на еврообврзницата за да преземе мерки за да правно ја регулира постапката за издавање.

Поврзани новости