Кекеновски: Во ВМРО нема реформи, таму допрва ќе следат турбуленции

by Фокус

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ смета смета дека неучеството на неколкумина познати и препознатливи пратенци во извршното тело на ВМРО-ДПМНЕ значи дека допрва ќе следат сериозни партиски турбуленции.

„Можни ли се реформи од екипа која е составена од од докажани и слепи беспоговорни извршители на претходниот лидер, од персони кои се контролирани по разни основи од најблиските роднини на поранешниот лидер, од личности за кои се водат предистражни или истражни постапки од страна на ОЈО и СЈО, од лица кои се амнестрани од страна на Претседателот на државата, од лица кои се познати по тоа што соработувале со службите и кодошеле или се обидувале да наместат свои сопартијци, од лица кои глумеле дека се ,,реформатори”, и за кои реформата било вовлекување во партиските органи и тела…“, напиша тој на фејсбук.

Поврзани новости