Ќе се снима судењето во „Траекторија“ по барање на одбраната

by fokus

Одложен е почетокот на судењето за предметот на СЈО под кодното име „Тракеторија“ каде обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Главната расправа, која требаше да започне денеска, е одложена затоа што одбраната на обвинетите побара рочиштата да бидат снимени.

Одбраната со ова го искористува правото што им следува на обвинетите, судењето да се снима со визеуелен и тонски запис. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето за 18-ти декември.

Инаку, сите обвинети дојдоа денеска во судот. Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се товарат дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. Предметот стана познат како „кинески провизии“.

Поврзани новости