Кавадарчани на социјалните мрежи силни, на дело незаинтересирани

by fokus

Ниту еден граѓанин не се појавил денес во Општинската сала во Кавадарци на јавната расправа на тема ,,Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички’’ и покрај тоа што повикот беше од отворен карактер, со цел кавадарчани да бидат вклучени во барањето на решенија за почист воздух.

Единствено присуствувале претставници на општинската администрација и претседателот на еколошкото друштво ,,Еко живот’’, Роберто Паризов, додека од граѓаните, посебно од тие кои што се најгласни на социјалната мрежа Фејсбук, на тема загадување на воздухот, немало ниту трага ниту глас.

Во изминатиот период резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека во Кавадарци загадувањето со ПМ 10 честички е над дозволеното.

Токму поради тоа, кавадарчани на социјалните мрежи постојано апелираат да се пронајде виновникот за загадениот воздух, но и да се превземат мерки за во иднина да дишат чист воздух. Но иако решителни и силни на социјалните мрежи, сепак ниту еден од нив денес не појавил на јавната расправа.

Денес во мерната станица биле измерени 109 мг/м3, што е над дозволеното.

Вики Клинчарова

Поврзани новости