Кавадарчани до градоначалникот Панов: Зошто не си ја слушаше жената?

by Fokus
Веста за затворската казна од шеесет дена за градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, за изборен поткуп, не престанува да ја бранува јавноста во Тиквешијата. Стана најспоменуваната тема во градот, но и на социјалните мрежи посветени на Кавадарци.
 
Тие се преполни со коментари на темава, во кои сограѓаните на градоначалникот најчесто прашуваат зошто е осуден на толку мала казна, но и потсетуваат на бомбата објавена од СДСМ, во која тој уште пред неколку години во разговор со Миле Јанакиески вели дека си дал оставка, бидејќи немал разбирање од сопругата.
 
-Да си ја слушаше сопругата и да се тргнеше од фотељата, немаше да го боли глава од затвор’’ – коментираат тие, навраќајќи се на разговорот во кој градоначалникот вели дека си дава оставка оти не можел да издржи.
Во бомбата (подоле во прилог), Панов му се жали на Миле дека нема никакво разбирање од сопругата, и ако продолжи да работи ќе биде штета.
 
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов
АП: Ало
МЈ: Е?
АП: Министре
МЈ: Ааа
АП: Значи само тебе ти се јавувам…болеста ми е колуминација …се разведувам со сопругата…и вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција
МЈ: Како бе така Александар?
АП: Не можам више да издржам
МЈ: Чекај сега, два дена пред избори да му е… мајката
АП: Знам ама тоа нема да го знаат никој, само ти ќе го знаиш. Мислев да го праам тоа после избори меѓутоа не можев да издржам
МЈ: А шо ти е на болеста?
АП: Тоа е на нервна база, неам разбирање никакво дома од сопругата …не знам, се ми е хаос…сакав тоа да го направам во понеделник меѓутоа… 
МЈ: Ама ајде ќе те олабајме, а кај, кај поднесе оствка?
АП: До локална, министерот за локална самоуправа. На писмено ја поднесох и ја пратив вчера
МЈ: Добро бе, ќе те изолирам од акционер 
АП: За тоа ти се јавувам јас да знаиш дека…ако работам ќе бидам само штета сеа вака потонат пред луѓето
МЈ: Добро
АП: Подобро да  се скријам настрана
МЈ: Ајде
АП: Ајде
 
-Цано, зошто не си ја слушаше жената и не се тргна од фотељата; Преблага е казната; За украдени ќебапи се лежи повеќе; Штета што ќе ја пропуштиш Северина во септември на Гроздобер; Не да лежиш во затвор, туку лозје да копаш 60 дена – се само дел од пораките адресирани до Панов, кој веднаш по изрекувањето на пресудата ни изјави дека не се чувствува виновен, и целата работа е политичка местенка.
Тој најави жалба за пресудата.
Вики Клинчарова
 
 
 
 

Поврзани новости