Катица Јанева за НОВА: Моите дела ќе бидат мојата биографија

by Фокус

-Моите дела ќе бидат биографија, кусо по СМС порака прокоментирала новоизбраната специјална обвинителка Катица Јанева за порталот НОВА. Рекла дека сепак не сака да зборува за себе по телефон, туку тоа би го направила на кафе-муабет. Посочила дека сега за сега незјината јавно достапна биографија е доволна, а наредната недела ќе даде официјална изјава.

Во нејзината биографија стои дека е подготвена за тимска работа, прилагодување во мултикултурни средини, услови за волонтирање и снаодливост во новосоздадени услови. Потекнува од семејство во кое таткото бил судија и претседател на судот во Гевгелија пред повеќе од 25 години. Таа се вработила во гевгелискиот суд во 1998 година како стручен соработник, а во 2003 година е избрана за заменик јавен обвинител. На позицијата јавен обвинител е поставена во 2010 година.

Поврзани новости