Каталонија одлучи да го одложи прогласувањето независност

by fokus

Каталонија ќе го одложи прогласувањето независност за да продолжи дијалогот со Шпанија, соопшти денеска претседателот Карлес Пуигдемонт во своето обраќање во Парламентот.

-Денеска стојам овдека пред Каталонија и пред целиот свет, за да ги објаснам последиците од референдумот. Шпанија сакаше да не направи мала, но Каталонија е европска. Нема да се заканувам, ниту да навредувам. Мора сите заедно да ја смириме ситуацијата. Сите ние сме еден народ и мора заедно да одиме напред, а тоа е возможно само кога има мир и демократија. Мора да има дијалог. Им благодарам на сите кои гласаа. Каталонците се тие кои треба ја одредат својата иднина, а не Мадрид. Односите со Шпанија не функционираа со години, а сега се неодржливи. На референдумот се изборивме за правото да бидеме независна држава и подготвен сум да одам по тој пат. Ја прифаќам одговорноста Каталонија да биде независна држава во вид на република. Предлагам декларацијата за независност да има одложен ефект, со цел да се продолжи со дијалогот, рече Пуигдемонт.

 

Поврзани новости