Касами избран за претседател на Беса

by Fokus

Биљал Касами е избран за претседател на Движењето Беса, односно на негово крило. Со поддршка од 60 делегати за кандидатура и 455 за претседател, Касами ја доби довербата за уште еден мандат. Во првите негови зборови потоа, Касами ги коментираше последните превирања во Беса, нарекувајќи ги игри и тенденции за раскол во партијата.

Според него, крилото кое веќе и јавно е против него, има за цел да ја разори Беса, а не да ги победи политичките противници. Прашањето на двата дела на партијата, Касами им го доверува на институциите.

„Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, рече Касами.

Поврзани новости