Карпа падна врз пат и пруга во близина на Велес

by Фокус
Поради обилните врнежи што го зафатија велешкиот регион, голем одрон од карпа падна на патот и железничката пруга од Велес кон Градско, кај местото викано Долни Дуќани.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, од 08.30 часот утрово комплетно е блокиран стариот пат Велес – Градско и пругата Скопје – Гевгелија, во близина на вливот на река Тополка во Вардар.
Моментално, се работи на отстранување на карпата, која, за среќа, не предизвика човечки жртви.

Поврзани новости