Каракамишева стана претставник на Македонија во Венецијанската комисија

by Фокус

Професорката Тања Каракамишева стана член на реномираната Венецијанска комисија и со тоа професорката од Правен факулетет, кој отворено ја поддржува владејачката партија, стана претставник на Македонија во највисокото европско тело за легислатива на на Советот на Европа, каде нашата држава е членка.

Венецијанската комисија е со мандат да дава правни совети на земјите членки и да им помага во прилагодувањето на домашната легислатива со европската.

Во наредниот период, оваа комисија треба да даде мислење за Законот за заштита на приватноста и Законот за заштита на свиркачите. За таа цел, како што најавува на својата интернет страница, известувачите на Венецијанската комисија ќе го посетат Скопје на 8 и 9 февруари.

Поврзани новости