Караџовски во четврток ќе бира претседатели на судови

by fokus

На дневен ред на Судскиот совет, на чие чело е Зоран Караџовски, во четврток се избор на нов претседател на Основниот суд Скопје 1, Апелациониот суд во Штип, како и основните судови во Тетово, Куманово, Ресен и Дебар.

Освен избор на претседатели, во четврток Судскиот совет ќе избира и  двајца судии во Врховниот суд, четворица во скопската и еден во битолската апелација.

Изборот на претседатели на судови и судии се случува паралелно со најавите на Владата за реформи во судствот според акцискиот план 3-6-9, што предвидува промените да почнат токму во Судскиот совет.

Поврзани новости