Каолиционите партнери денеска ќе седнат на маса за празните фотелји во Владата

by fokus

Се очекува денеска нова средба меѓу партиите од владината коалиција на која ќе се разговара за следниот министер за здравство и за следниот заменик министер за образование. Средбата ќе се одржи вечерва откако премиерот Зоран Заев ќе се врати од службената посета на Косово.

-Вечерва после враќањето од Косово во Скопје, имам состанок со коалиционите партнери, се надевам дека ќе биде последен состанок за да можеме да ги соопштиме имињата на предлог кандидатите до парламентот, за испразнетите места во Владата на Република Македонија – изјави тој од Косово.

 

Поврзани новости