Каква барања има Иан Гилан за утрешниот концерт со македонската филхармонија?

by fokus

Уште само еден ден не` дели до концертот на големиот Ian Gillan, со бендот на Don Airey и Македонската филхармонија во Скопје.

Иако важи за највпечатливиот вокал на сите времиња, Ian Gillan за концертот во Скопје нема некои специјални барања. Освен што звукот мора да е перфектен, единствено во неговата рајдер листа Gillan бара да има природни и свежо цедени сокови, многу вода и квалитетно вино

-Со текот на годините, се навикнав да настапувам со бендови, но да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз и големо задоволство. Ова е навистина фасцинантна фузија и не знам дали и кога повторно би можела да се повтори, бидејќи на секој концерт настапувам со различни оркестри. Со Македонската филхармонија, на пример, ќе имам проба на денот на концертот, вели Gillan во пресрет на утрешниот концерт.

Тој додава дека е среќен што ќе може да ги пее најголемите хитови на Deep Purple, но и песни што не биле изведени досега, како: „Razzle Dazzle“, „The Unwritten Law“, „Anya“, а исто така на репертоарот ќе се најдат и песни од неговата соло кариера.

Gillan на овој концерт ќе настапи со неговата ќерка Grace, која е пејачка во групата Papa Le Gal- бендот што ќе го отвори концертот во Скопје

Поврзани новости